Подољак: Киев не прифаќа мировен договор со кој Русија ќе задржи украинска територија
Киев отфрла каков било мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.
Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо, напиша Подољак на Твитер.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Москва е подготвена за разговори за Украина, но дека Киев ќе мора да го прифати губењето на териториите на кои Русија полага право.
Ново на Сител
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
