МЖСПП: Надминат праг на алармирање во Кичево
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека воздухот во Кичево е загаден и дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички до 10 микрометри во текот на претходните два дена.
– Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево, се вели во соопштението на МЖСПП.
Во табелата, прикажани се среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
| Кичево | |
| 02/01/2023 | 162.07 |
| 03/01/2023 | 160.04 |
*концентрациите се изразени во mg/m3
Од МЖСПП посочуваат дека испратена е информација до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до Општина Кичево.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
