Укинати мерките што беа воведени поради аерозагадувањето, од денес нема бесплатен јавен превоз
Препораките и мерките коишто беа воведени поради аерозагадувањето во Скопје се укинати, а од денеска не важи и одлуката за бесплатен јавен градски превоз.
Министерството за животна средина и просторно планирање вчера соопшти дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање што беа воведени во саботата.
– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата од два последователни дена е прекината, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, соопшти МЖСПП.
И од Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека од денеска престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која беше донесена во саботата со цел справување со загадувањето на амбиенталниот воздух.
Препораките и мерките по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање беа воведени во саботата во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од неделата и во Гостивар. Со нив, од работни обврски се ослободија бремените жени, лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Дел од препораките беа и да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, а се препорачуваше и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Во Скопје мерките беа воведени откако на мерното место во Центар во четвртокот беа измерени концентрации на ПМ10 честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а во петокот 248,51 микрограми на кубен метар, додека во Лисиче во четвртокот беа регистрирани 189,94 микрограми на кубен метар, а во петокот – 259,01 микрограми на кубен метар.
Како дел од пакетот мерки што ги презема Градот Скопје, покрај бесплатниот јавен превоз, беа и зголемени вонредни инспекциски контроли на Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на Град Скопје, зголемени вонредни инспекциски контроли на градилишта и зачестено чистење на улиците и пешачките зони во надлежност на градот.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија