Јужна Кореја испука предупредувачки истрели поради упад на севернокорејски дронови
Јужна Кореја подигна борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала денеска упаднаа во нејзиниот воздушен простор.
Јужна Кореја утврди дека беспилотните летала дошле од Северна Кореја, поминувајќи ја таканаречената воена демаркациона линија меѓу двете земји. Тие биле забележани на небото над западниот јужнокорејски град Гимпо околу 10:25 часот по локално време, соопшти војската.
Воен авион КА-1 се урна веднаш по полетувањето од својата база за да се спротивстави на беспилотните летала, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Двајцата пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне и биле пренесени во болница.
Јужнокорејското Министерство за транспорт соопшти дека летовите од аеродромите Инчеон и Гимпо се привремено прекинати на барање на војската. Летовите беа прекинати околу еден час и аеродромите сега повторно работат, изјави претставник на Министерството.
Ново на Сител
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
-
НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк
-
Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките
-
Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
-
УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон