Димовски им го честита Божиќ на верниците од католичката вероисповед
Претседателот на Социјалистичка партија на Македонија, Љупчо Димовски упати честитка до верниците од католичката вероисповед во Република Македонија повод големиот христијански празник - Божиќ.
- На внимание
Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија,
Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов
Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници од католичката вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на членството на Социјалистичката партија на Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ.
Божиќ е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој нè потсетува на вистинските патишта и нè учи да ги почитуваме високите морални вредности. Божиќ е денот на радоста во душата кај секој верник, кога во мир и спокој ја прима и се радува на веста за Христовото раѓање.
Божиќната радост да ја споделиме со најмилите и најблиските.
Овој светол ден не учи на солидарност, на споделување и помагање на оние на кои тоа им е потребно, затоа што порачува да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и подалечните.
Во овие времиња најмногу ни требаат токму овие вредности.
Затоа што добрината е нападната од нечесноста, затоа што делбите, притисоците и одмаздата стануваат основна карактеристика на нашето општество, затоа што е присутно чувството на страв, немир и разочараност кај луѓето и зато што некои заборавија на разумот и на мудроста.
Вам и на сите верници кои го слават католичкиот Божиќ Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој.
Бог нека го осветли Вашиот пат.
Многу радост да донесе во вашите домови.
Нека е благословен големиот христијански празник – Божиќ ! - стои во честитката на СПМ.
Ново на Сител
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
