Според анкета повеќето Американци веруваат дека американската економија ќе биде во полоша состојба во 2023 година

Мнозинството американски гласачи веруваат дека американската економија ќе биде во полоша состојба во 2023 година отколку што е сега, според најновото истражување на Волстрит џурнал.
Анкетата, спроведена од 3 до 7 декември, покажува дека неодамнешниот бран на позитивни економски вести — пониските цени на горивата и забавување на стапката на инфлација — не ги променија ставовите на многумина за ризикот од рецесија што ја предвидуваат многу економисти како веројатна.
Федералните резерви во средата одобрија зголемување на каматните стапки за 0,5 отсто и ги сигнализираа плановите за продолжување на зголемувањето на стапките на следните неколку состаноци за борба против високата инфлација.
Економскиот песимизам е најсилен меѓу републиканците, 83 отсто очекуваат економијата да се влоши.
Така мислат нешто повеќе од половина од независните, како и 22 проценти од демократите. Над една третина од гласачите велат дека инфлацијата им предизвикува сериозни финансиски оптоварувања.
Помладите гласачи се попесимисти за изгледите за економијата следната година отколку постарите гласачи.
Околу шест од десет луѓе на возраст од 18-34 години очекуваат влошување на ситуацијата во следната година, додека 42 проценти од луѓето на возраст од 65 и повеќе години го делат истиот став.
Анкетата на Вол Стрит Џурнал е спроведена меѓу 1.500 регистрирани гласачи.
Ново на Сител
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
-

На плажа во Пефкохори жена касната од отровната риба-зајак додека влегувала во морето
-

Иран му порача на Макрон: Само ние ќе ги отстраниме мините од Ормуската теснина
