Во вселената е лансиран сателит кој ќе направи револуција во временската прогноза
– Првиот од вкупно трите сателити Метеосат од трета генерација (MTG), кој ќе овозможи револуционерен напредок во следењето и прогнозирањето на времето во Европа, беше лансиран синоќа од Француска Гвајана.
Европската вселенска агенција (ЕСА) предмалку соопшти на Твитер дека МТГ е веќе во орбитата и дека синоќа ги добиле „сите телеметриски податоци од сателитот, кој одлично ги отвори соларните панели!“
Новиот сателит на констелацијата Метосат МТГ, кој ќе ја подигне временската прогноза во Европа на ново ниво, беше лансиран синоќа во 21.30 по македонско време од Француска Гвајана со ракетата Аријан 5.
Како што пренесува Хина, МТГ е нова програма на оперативни геостационарни метеоролошки сателити на Европската организација за користење на метеоролошки сателити (EUMETSAT). Оваа програма значително ќе ги подобри временските прогнози, следењето на условите и промените во атмосферата, на површината на Земјата и морето и ќе обезбеди континуитет на серијата сателитски мерења EUMETAST за истражување на климата во следните 60 години.
Програмата МТГ носи револуција во квалитетот и квантитетот на метеоролошките податоци со поголема просторна резолуција и особено фреквенцијата на мерењата, што со оваа генерација сателити пристапува кон континуирано набљудување, што е исклучително важно при прогнозирање на непосредниот развој на времето, особено потенцијално опасно време. МТГ ќе овозможи и откривање и доставување податоци за молњите, што значи дека следењето на системите за бура ќе биде уште подобро отколку што беше можно досега.
Ќе може да се измери концентрациите на аеросоли и гасови во трагови над Европа во период од 60 минути, што ќе даде подобар увид во квалитетот на воздухот над нашиот континент. Програмата MTG беше развиена во текот на две децении и е резултат на соработката на Европската вселенска агенција (ESA) и EUMETSAT со индустриски партнери предводени од групацијата Thales Alenia Space.
Сите сателити ќе бидат во геостационарна орбита, на околу 36.000 километри од Земјата, над Екваторот и со поглед на Европа и Африка. EUMETSAT нагласува дека третата генерација на нивните сателити ќе испорача најмалку 50 пати повеќе податоци од сегашната мисија Метеосат.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина