Коцевски: Спасовски за Командир на ГП Ќафасан поставил лице со отслужена затворска казна за криумчарење
Оливер Спасовски за командири на гранични премини поставува луѓе со отслужена казна затвор за криумчарење и шверц.
За командири на гранични премини, наместо луѓе кои ќе се борат против криминалот се поставуваат луѓе кои се искусни во правење на криминал.
Пред само три месеци, на граничниот премин Ќафасан за Командир на граничен премин е поставено лицето Б.А. Ова лице веќе било на истата работна позиција пред десетина години во ек на големата полициска акција за криумчарење на добиток од Македонија во Албанија.
Се работи за аферата "Милка" во која беа опфатени 31 лице, кои биле дел од организиран синџир за криумчарење на добиток. За оваа афера своевремено пишуваа и медиумите. Во рамки на осудените имало и полициски службеници, кои примале поткуп за да ја договорат патеката за криумчарење и кои за тоа наплатувале по 3 и пол евра од килограм добиток.
Лицето Б.А. отслужило казна затвор од 3 ипол години, како дел од синџирот за криумчарење на добиток.
Лицето Б.А. сега повторно е командир на граничен премин било дел од криумчарењето како овластено лице. Истото го извршило тоа кривично дело заради позицијата која ја имало во МВР.
Истото ова лице сега повторно се наоѓа на позицијата Командир на граничен премин.
Спасовски да каже како е можно ова лице кое е правосилно осудено, со отслужена казна затвор за криумчарење да се постави за Командир на граничен премин? Дали на злосторникот му се дава можност повторно да го изврши кривичното дело?
Која е пораката која ја испраќа Спасовски и Ковачевски? Дали ова е борбата со криминалот и корупцијата? Спасовски да не чека и веднаш да го разреши лицето Б.А. од функцијата на која сам го поставил.
Одговорност мора да има и од Спасовски. Ова не е прв скандал во МВР. 7 години е министер за внатрешни работи. 7 години безбедноста е на најниско можно ниво.
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
