Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Како што соопшти МВР, пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на Законот за јавни набавки.
-Во 2011, 2012, и 2013 година донел три Решенија за Јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400,00 денари, но и покрај тоа набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денари повеќе од предвидените парични средства од Буџетот и надвор од донесеното Решение за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа. Исто така, пријавениот во текот на 2014 година има донесено Решение за јавна набавка на делови за патнички моторни возила и нивна поправка и одржување”, но и покрај тоа сепак набавил и платил стоки во износ од 25.623 денари повеќе од предвидените парични средства за таа намена и надвор од донесеното Решение од негова страна, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека пријавениот за наведениот период со економски оператор извршил набавка и платил стоки и услуги во вкупен износ од 440.781 денари иако знаел и бил свесен дека стоките и услугите воопшто не се предмет на Договор за спроведени јавни набавки, додека со друг економски оператор извршил и платил стоки и услуги во вкупна вредност од 200.491 денари иако знаел дека платените стоки и услуги воопшто не се предмет на спроведена јавна набавка на склучен Договор за јавна набавка.
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи