ОЈО Скопје поведе постапка за сообраќајната несреќа во Козле во која загина 14 годишен мотоциклист
– Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повела постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот 53-годишник, на 5 декември, со возило „Мини купер“, навлегол на крстосницата меѓу улиците „Пијанец“ и „Козле“, без да го пропушти возилото кое веќе се движело по улицата „Козле“ и кое имало првенство на минување. На тој начин тој го попречил движењето на мотоцикл „Хонда“, управуван од дете на возраст од 14 години.
– Мотоциклот удрил во страничниот дел од автомобилот, оштетениот се превртел и паднал на коловозот, па се излизгал на лентата наменета за сообраќај на возила во спротивна насока, каде удрил во автомобил „Цитроен Ц3“. Во несреќата, оштетениот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш починал, посочуваат од ОЈО.
По предлог на јавен обвинител, Основниот кривичен суд Скопје определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и привремено одземање на возачката дозвола односно забрана за нејзино издавање.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила