НБРМ: Поволните трендови во економијата продолжуваат, растот за 2015. можно поголем
Економската активност и понатаму солидно расте, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Во реалниот сектор се задржуваат поволните трендови и по растот на БДП од 3,5 отсто во третиот квартал, овие трендови продолжуваат, особено во индустријата, трговијата и градежништвото.
Ова го констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија, кој според досегашните движења кај показателите за економската активност упатуваат на можност за умерено повисок раст во 2015 година од очекуваниот.
Од НБРМ наведуваат дека и покрај овие поволни движења, неизвесното глобално закрепнување, а особено неповолните услови на глобалниот пазар на метали и неизвесноста поради домашните политички случувања и понатаму се ризиците што може да влијаат врз темпото на идното закрепнување.
Девизните резерви, заклучно со јануари, покажуваат умерено намалување од почетокот на 2016 година, но се и натаму во сигурната зона.
На девизниот пазар, во јануари банките во трансакциите со сите клиенти остварија нето-продажба на девизи која беше повисока од нето-продажбата во тој месец 2015 година. Ваквите остварувања се должат на понискиот откуп на девизи на банките од менувачниците, главно поради високата споредбена основа поврзана со растот на понудата на швајцарски франци во јануари 2015 година, непосредно по одлуката на Централната банка на Швајцарија да престане да го брани девизниот курс од апрецијација. Од друга страна, во трансакциите со фирми се забележани релативно поповолни остварувања на годишна основа, што се должи на повисоката понуда на девизи од новите производствени капацитети и претпријатија од тутунската индустрија. Притоа, банките дел од потребните девизни средства, покрај од сопствени извори, ги надоместија од меѓубанкарскиот пазар и од трансакциите со Народната банка.
Во однос на кредитниот пазар, по силниот кредитен раст остварен во последниот квартал на 2015 година, особено во декември, првичните податоци за јануари покажуваат намалување на вкупните кредити на приватниот сектор. Месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината. Кредитите на домаќинствата и натаму растат на месечна основа, но умерено послабо во споредба со претходниот месец. Со оглед на силниот кредитен раст во последното тримесечје на 2015 година, којшто ги надмина очекувањата, годишната стапка на раст на вкупните кредити во јануари е околу 9 отсто и е над проекцијата за првиот квартал на 2016 година. Во однос на депозитниот потенцијал, вкупните депозити се намалени во јануари, што следи по силниот раст во претходниот месец, при што нивната годишна динамика е блиску до очекувањата од октомвриските проекции.
Ликвидноста на банките, под влијание на автономните фактори во јануари, е намалена и услови банките да го намалат износот на средствата пласирани во расположливи депозити кај Народната банка. Со оглед на намалената ликвидност, банките во јануари активно тргуваа со депозити, а меѓубанкарската каматна стапка се задржа на релативно стабилно ниво околу 1,0 отсто. Во јануари, продолжија поволните движења на секундарниот пазар, каде што покрај со благајнички записи, пазарните учесници имаа зголемен обем на тргување и со државните хартии од вредност.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО