Евростат: Поради зголемените цени сè повеќе Европејци тешко ги покриваат основните трошоци

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените, покажуваат податоците во денеска објавениот извештај на Европската агенција за статистика.
Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци се зголемил во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на ЕУ вклучени во истражувањето, објави Евростат. Намален е само во Словенија и Финска.
Податоци до Евростат доставиле Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска.
Според податоците со кои располага Евростат, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај.
Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци.
Нивниот удел е најмал во Финска, каде што изнесува 11 проценти. Истражувањето покажа и дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци. Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби.
Нивниот удел е најмал во Бугарија, каде што само нешто повеќе од три проценти од испитаниците рекле дека многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци.
Учеството на жителите во поволна финансиска позиција е помало во девет земји во вториот квартал отколку на почетокот на годината, а во Италија е речиси непроменето.
Мнозинството од испитаниците изјавиле дека нивните приходи се непроменети или дури зголемени во набљудуваниот период, забележува Евростат.
Ново на Сител
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
