Таравари: Нема преговори за влез во Владата
Нема преговори. Тоа е единствениот одговор што го добивме од ВД лидерот на Алијанса за Албанците утрово на прашањето како напредуваат преговорите за влез на неговата партија во Владата.
Таравари остана без коментар на ставот на Алтернатива дека со влезот во Владата, Алијанса прифаќа да му биде „резервна гума“ на Ахмети во борбата против огнената група иако тоа го побаравме од него.
Утрово од Алтернатива за Сител велат дека немаат проблем со влез на нови партии во владиното мнозинство но само ако СДСМ и ДУИ отстапат од своите ресори.
„Ако му веруваме, а јас не би сакал да не им верувам, на Премиерот и на претседателот на Алијансата за Албанците дека во петок разговарале за интеграцискиот процес и за борбата против корупцијата, мислам дека се уште нема никаков друг контекст за припојување на Алијансата кон владиното мнозинство.
Всушност мнозинството е истото што било и лани во оваа време кога Алтернатива се приклучи на оваа Влада, па затоа не гледам која би била причината за влез на некоја друга партија во владата. Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука.
Секако, за Алтернатива е важно да продолжи интеграцискиот процес, да се реализира нашиот политички договор со СДСМ и за нас не менува ништо ако ДУИ или СДСМ сакаат да отстапат место за некоја друга партија. Тоа ќе биде нивна одлука“ – велат од Алтернатива за Сител.
Ставот на Таравари доаѓа само неколку дена откако бројни функционери од неговата партија потврдија дека разговорите за влез на АА во Владата се во напредна фаза и дека се разговара за распределба на ресори во која алтернатива би добила најмалку 3 министерства и уште 30 позиции во пониските ешалони. Дека се водат разговори за влез на оваа партија во Владата потврди и лидерот на ДУИ, а Премиерот рече дека во неговата влада има место за сите кои ги „делат европските вредности“.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
