Црвен метеоаларм: Силно невреме во хрватскиот дел на Јадранот
Силно невреме со пороен дожд и ветер утрово зафати голем дел од хрватскиот дел на Јадранското Море и предизвика проблеми на брегот на Пула, Ровињ, Риека, Пореч и Црес. Поради тоа е прогласен црвен метеоаларм за повеќе региони од хрватското крајбрежје.
Глас Истре пишува дека на брегот на Пула плутаат автомобили, морето е на работ да се излее, а врз една сообраќајница паднало дрво.
Сообраќајот се одвива доста отежнато, видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност.
Високото морско ниво го поплави и центарот на Ровињ, а големи проблеми има и во Пореч. Локални жители соопштуваат дека во Ровињ морето го поплавило градскиот плоштад и брегот. Поради оваа причина, на сите возила им е забрането да возат по брегот на Ровињ.
Вода навлегла и во некои кафулиња и ресторани, но соодветните служби посочуваат дека досега не добиле повици за помош за евентуално испумпување. Во Ровињ поплавен е дел од главниот пат, како и улици во близина на локалниот пазар.
Како што пренесува хрватскиот портал Индекс, повикувајќи се на податоци од Крометео, поројните врнежи предизвикале големи проблеми и на островот Црес.
Ново на Сител
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени