Палестинец со нож уби тројца, и рани уште тројца Израелци на Западниот брег
Палестински напаѓач со нож уби тројца и тешко рани уште тројца други Израелци на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска израелската служба за итни случаи.
Весникот „Џерусалем пост“ наведе дека нападот се случил во еврејската населба Ариел.
Израелската армија претходно соопшти дека напаѓачот бил погоден со куршуми пред да почне да бега, а палестинското Министерство за здравство потврди дека тој е убиен.
Израелскиот премиер Јаир Лапид упати сочувство до семејствата на убиените Израелци и рече дека Израел „непрекинато се бори против тероризмот со полна сила“.
-Нашите безбедносни сили работат деноноќно за да ги заштитат израелските граѓани и да и нанесат штета на терористичката инфраструктура насекаде, цело време, рече Лапид.
Израелската армија соопшти дека Палестинецот ги нападнал Израелците на влезот во индустриската зона во населбата Ариел, а потоа отишол до блиската бензинска пумпа и таму го продолжил нападот.
Аматерската снимка емитувана на израелската телевизија покажува како напаѓачот се обидува да побегне со автомобил по автопатот, а потоа излегува од возилото и паѓа откако бил погоден од оган на израелските војници.
Мотивот за нападот, што се случува во време на засилено насилство меѓу двете нации, засега е нејасен.
Од почетокот на оваа година, најмалку 23 Израелци и над 130 Палестинци се убиени на Западниот Брег и Источен Ерусалим, што се најголеми бројки од 2006 година.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната