Левица го поддржува протестот на студентите
Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС и ДУИ, кој нема никаква развојна компонента, 140 милиони денари се скратени од ставката „Студентски стандард”.
Откако студентите најавија протести против укинувањето на субвенционираниот студентски оброк, предлагачот Моника Зајкова од ЛДП ретерираше и најави повлекување на предлогот. Нејзината изјава дека се повлекува законот е манипулативна, затоа што, според Зајкова, испаѓа дека таа не ни знаела каков предлог-закон поднесува!
Иако за утре е закажана средба на МОН со Студентското собрание, тоа што во предлог-буџетот се скратени 140 милиони денари од студентите, јасно дава до знаење дека власта со разни акробации повторно ќе штеди врз грбот на студентите.
Токму СДС во предизборие најавуваше кратење на министерствата до 20 министерства и укинување на патните трошоци, со цел рационализирање на трошењето народни пари. Наместо тоа, пет години подоцна, СДС воведе ново измислено Министерство за Артан Груби и гласаше против предлог-законот на Левица за намалување на патни трошоци на пратениците.
Криминалната клика на власт во време на економска криза единствено штеди врз грбот на работниците, земјоделците и студентите – додека привилегиите на функционерите само ги зголемуваат.
Од тие причини, Левица го поддржува утрешниот протест на студентите пред Собранието, закажан во 16 часот.
Младите се авангарда и критичка мисла на секое општество и тие мора да бида прогресивна сила која ќе ги иницира промените против корумпираниот владејачки естаблишмент.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран