Новите руски напади го оставија Киев во мрак
Во Киев денеска ќе биде воведено вонредно исклучување на електричната енергија поради новите напади од страна на руските сили врз енергетски објекти. Информацијата ја соопшти генералниот директор на енергетскиот оператор ЈАСНО (YASNO), Сергиј Коваленко.
– Ноќеска дојде до нови напади на енергетските објекти на Украина. Затоа денеска во Киев ќе има вонредни исклучувања во значителен обем, наведе Коваленко.
Во главниот град на Украина изминатите три дена применувани се само планирани исклучувања заради стабилизација, а бројот на потрошувачи кои беа исклучени се намалуваше од ден за ден.
Така, во вторникот од мрежата беа исклучени 904.000, а вчера 746.400 потрошувачи, јавија дел од украинските медиуми.
Претходно, владини претставници соопштија за рестрикции на електричната енергија, со ограничено и улично осветлување.
Ново на Сител
-
33-годишен мотоциклист загина во сообраќајка на патот Дебар - Струга
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби