Левица: Апасиев и Крмов поднесоа Предлог-закон за дополнување на Законот за платен промет
Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, , чија основна цел е намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите.
Во изминатиов период на економска и здравствена криза, банките во Македонија неоправдано ги зголемиле приходите по основ на т.н. скриени трошоци кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат, без никаков надзор и контрола од страна на Народната банка на РМ, па така двете најголеми банки во земјава оствариле профит од преку 32 милиони ЕУР само од ова „крадење на ситно“ на граѓаните – наплатувајќи им буквално за сè и сешто.
Законот, за кој очекуваме поширока парламантарна поддршка од сите партии, е насочен директно против оваа неетичка стратегија на комерцијалните банки и со истиот им се забранува на банките да наплаќаат за нормални и секојдневни платежни услуги кои им ги пружаат на своите клиенти – како на пример: водење на трансакциска сметка; членарини за платежни картички; електронски плаќања на уплатници; услуги на мобилно и е-банкарство; издавање изводи од сметка; доставување на податоци до судови, нотари и извршители; блокирање и деблокирање на сметка; проверка на состојба; подигање готовина од друг банкомат; измислени т.н. „административни трошоци“ за издавање кредит кои се изразуваат во фиксен или процентуален износ и сл.
Ново на Сител
-

Одличен настап на најмладите македонски кикбоксери во Унгарија – злато за Чавков, сребро за Илиев
-

Осум месеци зад решетки: Мадуро насмеан позира со знак за мир
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
-

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен
-

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
