Бугарскиот премиер Донев доаѓа во Македонија на свеченото отворање на железничкиот коридор до границата со Бугарија

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, во сабота ќе дојде во Република Северна Македонија, на покана на неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, за да учествува на церемонијата по повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, соопшти прес-центарот на бугарската влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот ќе се одржи в сабота, во 12 часот, во близина на Куманово, а ќе присуствува и бугарскиот вицепремиер за економски политики и министер за транспорт и врски Христо Алексиев.
Паневропскиот коридор VIII, како што потсетува дописникот на МИА, ја поврзува Бугарија со Северна Македонија, Албанија и по морски пат со Италија. Тоа е клучна рута во однос на зајакнувањето на поврзаноста на регионот, создавајќи интермодална врска меѓу Црното и Јадранското Море. Коридорот може да создаде голема додадена вредност за развојот на целиот балкански регион. Бугарија, Северна Македонија и Албанија прават заеднички напори за негово комплетирање со изградба на главните проекти за железничка транспортна инфраструктура на нивните територии. Бугарија активно работи на вклучување на Коридорот VIII во приоритетната европска транспортна мрежа во правец Софија – Скопје – Драч – Тирана и тој да биде определен како дел од европскиот коридор „Западен Балкан“.
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
