-->
-->
Дојава за бомби во пет скопски средни училишта
-->
– Пет училишта во Скопје денеска преку мејл адреси добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.
Дојавите, како што потврдија од МВР, се доставени до СВР-Скопје и веднаш до добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.
По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
Според изворите едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани