Државната секретарка во МВР, Несторовска на Медитеранска конференција на ОБСЕ во Јордан
– Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска учествува на Медитеранска конференција на ОБСЕ во Јордан на тема „Унапредување на безбедноста и соработката во Медитеранoт: Поттикнување дијалог со медитеранските партнери за соработка на ОБСЕ“, што се реализира во пресрет на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Во улога на Национална координаторка, Несторовска, информираа денеска од МВР, била панелист на сесијата насловена како „Искористување на Медитеранското партнерство на ОБСЕ за борба против трговијата со луѓе”, во рамки на која се разговарало за постојаните предизвици во борбата против трговијата со луѓе, вклучително и растечката онлајн димензија и обем, препораките за политики развиени од ОБСЕ за справување со онлајн платформите со високи ризици, како и за позитивните и иновативни решенија за борба против трговијата со луѓе.
Несторовска на сесијата меѓу другото испратила и две клучни пораки.

– Прво, инвестирањето на нашите држави во градење на напредни дигитални политики, национални стратегии и создавање на дефицитарен кадар во областа на сајбер безбедноста и второ, сите држави на меѓународно ниво заеднички да креираат стратегии за заедничка акција, заеднички правила на игра и процедури што ќе го забрзаат патот на борбата против криминалот, објавија од МВР на нивната фејсбук страница.
Во рамки на ОБСЕ, Медитеранското партнерство е мултипликатор на силите и клучна алатка за поддршка на националните и регионалните напори за борба против трговијата со луѓе, кое обезбедува платформа за владите да разменат најдобри пракси, да соработуваат и да усвојат заеднички стратегии прилагодени на размерите на прашањето.
Водечките прашања на панелот се однесувале на тоа како може државите да го подобрат својот кривично-правен одговор на трговијата со луѓе, со употреба на напредни истражни техники, кои вклучуваат технолошки алатки и финансиско разузнавање, да ја зајакнат прекуграничната и повеќе-агенциската соработка и примената на пристапи во чиј центар е жртвата и кои се родово чувствителни.
Ново на Сител
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
