Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз Украина

Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја.
Шмигал, кој в понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, се вели во делови од неговото интервју за неделното издание на германскиот весник Фракфутер Алгемајне Цајтунг чии делови беа испратени до медиумите пред објавувањето.
„Ако нема струја или вода во Украина, тоа може да предизвика ново мигрантско цунами“, рече тој. Тој предупреди дека Русија сака да приреди на Украина студена зима во која луѓето буквално би можеле да умрат од студ, што може да доведе до планирана хуманитарна катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна.
Шмигал рече дека в понеделник во Берлин ќе има средба со канцеларот Олаф Шолц и дека заедно со него ќе учествува на економски форум на кој ќе учествуваат претставници на германски и украински компании. Шмигал, исто така, побара од Берлин да и достави нова муниција на Украина во наредните денови.
Според него, намерата е да се користат руските средства замрзнати во странство за обнова на Украина. Тој посочи дека штетата предизвикана од рускиот напад досега се проценува на повеќе од 750 милијарди долари. Тој рече дека руските средства во вредност од 300 до 500 милијарди долари се замрзнати и дека треба да се развие механизам за конфискација на тие средства.
По германско-украинскиот економски форум в понеделник, на кој преку видеоврска ќе се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски, во вторник во Берлин ќе се одржи меѓународна конференција за обнова на Украина.
Ново на Сител
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
