-->
-->
Бајден со намера да се кандидира повторно на изборите за претседател на САД
-->

Американскиот претседател Џо Бајден, кој во ноември ќе наполни 80 години, изјави дека има намера да се кандидира за втор мандат во 2024 година, но се уште не донел конечна одлука.
Запрашан за ова прашање во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си, демократот рече дека во моментот не одлучил бидејќи доколку објави, ќе има цела низа барања и „ќе треба да се однесувам како кандидат“. Бајден рече дека сопругата Џил ја поддржува неговата кандидатура за реизбор за претседател.
Бајден е најстариот претседател некогаш избран во САД. На 20 ноември полни 80 години. На почетокот од евентуалниот втор мандат ќе има 82 години, а на крајот – 86.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
