-->
-->
ЛОИ : Зика ги плаши Американците
-->

Олимпискиот комитет на САД им порачал на своите спортисти да размислат дали ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. ОК на САД е загрижен за здравјето на спортистите, поради вирусот Зика, кој кон крајот на минатата година се појави во Јужна Америка, а потоа продолжи да се шири, поради што Светската здравствена организација (ЗСО), на 1.февруари, прогласи вонредна состојба.
Челниците на американскиот Олимписки комитет, пораката на своите федерации им ја упатиле преку конференциска врска, потврдиле две лица кои биле учесници на конференцијата.
„На федерациите им беше порачано дека никој не би требало да патува во Бразил, доколку не се чувствува безбедно“, рекол Доналд Енони, првиот човек на американското мечување.
Брифингот на Олимпискиот комитет на САД покажува дека организаторите на Олимписките игри треба сериозното да ја разберат опасноста која ја претставува вирусот. Исто така, спортистите и нивните тренери, се наоѓаат пред тешка одлука, дали да патуваат во Рио, особено ако се знае дека настап на ОИ е сон на секој спортист, а оние врвните, своите планови и подготовки ги врзуваат токму за Олимписките игри.
Американците пренесуваат дека во случај нивните спортисти да не патуваат во Рио, дека тоа значително ќе го намали квалитетот на Игрите, бидејќи во Лондон 2012 спортистите од оваа земја освоија најмногу медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
