Најмалку 28 загинати при експлозија во рудник во Турција
Најмалку 28 лица загинаа по вчерашната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 110 лица, од кои 49 во подлабоките делови на рудникот, каде опасноста е поголема. Спасени се 58 рудари, а се прават напори за спасување на уште 15.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави дека загинале 28 работници. „Бројот на загинати поради експлозијата во Бартин достигна 28. Се прави се што е потребно за нашите 11 пациенти, 6 во Истанбул и 5 во Бартин“, напиша тој на Твитер.
Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез рече дека тимовите се обиделе да го намалат ефектот од пожарот што избувна во галеријата по експлозијата во рудникот.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно соопшти дека се спасени 58 работници, а се уште се прават напори за спасување на 15 рудари.
Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез рече дека тимовите се обиделе да го намалат ефектот од пожарот што избувна во галеријата по експлозијата во рудникот. – Во делот каде се уште е активен пожарот се наоѓаат 10-11 работници. Оценуваме дека 4-5 работници се во просторот каде што се наоѓаат вдлабнатините.
Донмез рече дека првичните наоди покажуваат дека експлозијата била предизвикана од запаллив гас
.Десетици рудари се заробени под земја од вчера околу 18:15 часот по локално време, со речиси 150 персонал ангажиран во операциите за пребарување и спасување.
По трагедијата, синоќа се огласи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој изрази сочуство до семејствата на жртвите и посака побрзо опоравување на повредените.
Сите наши институции педантно продолжуваат со работата за сите прашања поврзани со експлозијата, особено за потрагата и спасувањето што започна набргу по инцидентот. Тројца наши министри се префрлени во регионот по наша наредба да ја вршат и надгледуваат работата на самото место. Ја откажав и мојата програма за Дијарбекир утре и се надевам дека ќе одам во Амасра. Ќе ја координирам целата работа на самото место, потенцира Ердоган.
– Сите наши медицински тимови и болници во регионот се мобилизирани за нашите ранети браќа. Покрај постоечките капацитети, нашето Министерство за здравство формираше и единица за итни случаи во регионот. Нашите авионски амбулантни летала се подготвени да ги пренесат нашите повредени. Во врска со експлозијата, започна неопходната истрага, ангажирани се тројца обвинители. Истрагата продолжува во сите свои димензии.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците

