Свет
14. October 2022 - 12:26

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во јужниот дел на Камбоџа. Спасени се четири лица, ученици и членови на екипажот. Во тек е потрагата по двајца ученици, соопшти тамошната полиција.

Од полицијата појаснија дека на бродот, што ја преминувал реката Меконг, имало повеќе лица од дозволеното, а во него немало елеци за спасување. Учениците на возраст од 12 до 14 години, живееле на речен остров и го користеле бродот речиси секојдневно за време на сезоната на дождови. Во сушниот период, реката има малку вода или воопшто ја нема.