Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија
Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама.
Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области. Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи дека ” во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум фарса”.
– Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките што ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе.
Тие не само што не ја одразуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што нè зближува под покривот на Обединетите нации, додаде Рама. Посочи дека неговата земја ги осудува овие ” фабрикувани дејствија во Москва” и оти неговата земја ” не признава ниту една од овие незаконитости”.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани