Заврши расправата во собраниската Комисија за продолжување на кризна состојба во енергетиката

Заврши расправата за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Претседателот на Комисијата, Миле Талевски на крајот на комисиската седница истакна дека откако е исцрпена листата на пријавени за збор, Предлог-одлуката за продолжување на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија ја проследи во понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија. Талевски го назначи пратеникот на СДСМ Драгољуб Филипоски за известител по ова Предлог-одлука до Собранието.
Оваа Предлог-одлука треба да го помине и филтерот на собраниската Законодавно-правната Комисија.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајкоска го праша министерот за економија Крешник Бектеши дали го прифаќа предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за производство на електрична енергија двојно поевтино од моменталната цена што ја има со кој, како што рече, стопанството ќе биде заштитено.
Во реплика министерот Бектеши изјави дека во вакви европски, глобални, регионални и национални кризи, сме подготвени на отворен и транспарентен начин да разговраме со сите страни се со цел да нго најдеме најдоброто решение кое ќе биде во полза на граѓаните и на стопанството. Во моментот, рече тој, кога же ги имаме тие конкретни предлози ќе ги разгледаме заедно и ќе го најдеме најдобриот предлог од сите понуди што се даваат се со цел тоа да биде и поевтино и побезбедно во делот со снабдување со топлинска енергија и во снабдувањето со електрична енергија.
Откако Предлог-одлуката го помина собранискиот комисиски филтер, се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетиката, со што ќе се овозможи шестмесечно продолжување на кризната состојба, од 1 октомври до 30 април 2023.
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
