Инциденти на протестите на поддржувачите и противниците на миграцијата во Прага

Поддржувачите и противниците на бегалците кои денеска во одделни групи протестираа на неколку локации во Чешка, попладнето се судрија на плоштадот Малостранска во Прага, јави дописникот на МИА.
По 10-15 минути, во кои демонстрантите меѓу себе се удираа, фрлаа шишиња и петарди, полицијата успеа да ги раздели двете групи, а во одделен инцидент на друга локација според соопштението полицијата притворила човек кој се обидел да пука со сигнален пиштол.
Протестите против исламот и против мигрантите ги организираа екстремнодесничарската партија „Народна демократија“, партијата „Зора“ и Блокот против исламот.
Учесниците скандираа „За Европа без ЕУ“, „Слободата не ви ја даваме“, како и „Мулти-култи не сакаме“.
-Дојдовме овде за да ја пренесеме демократската политика до улиците и да им покажеме на ксенофобите, дека не се само тие дел од оваа убава историска Прага, изјави Јан Блажек, портпарол на Иницијативата „Не за расизмот“.
Нејзините приврзаници, кои беа неколку стотини, носеа транспаренти со добредојде за бегалците, како и со порака „Фашизмот е злосторство.
Според полициски извори, на протестите против мигрантите учествуваа околу 1.200 лица, а според организаторите нивниот број беше 2.000-3.000.
Демонстрации се организираат и во Брно, каде има неколку стотини противници на исламот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
