Пецаков: Охриѓани знаат да ја одржуваат традицијата и покрај се организираа пливачки маратон

Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, истакна вечерва градоначалникот Кирил Пецаков на претставувањето на осуммината пливачи, учесници на годинашното 60. јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон, кој и покрај потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота. Маратонот го организираше Општина Охрид во соработка со пливачките клубови во градот, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и спонзори и помагатели.
Осум натпреварувачи од пет земји, седум во машка конкуренција и една девојка ќе ги одмерат силите на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште.
Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.
Пливачите ги поздрави градоначалникот Пецаков, заблагодарувајќи се за нивното учество.
– Во мое име и во името на сите охриѓани, упатувам искрена благодарност до сите пливачи кои прифатија да учествуваат на годинашниот пливачки маратон, и покрај краткото време за организација вечерва се тука со нас, да ни го разубават денот на нашата државност, да го потврдат сјајот на Охридскиот пливачки маратон, рече Пецаков.
Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи.
Првиот пливачки маратон во Охрид бил одржан пред точно 60 години, а традицијата била возобновена пред 35 години.
Присутните имаа можност да го проследат документариот филм „Охридски пливачки легенди“, како и изложбата со фотографии од првиот пливачки маратон од фондовите на Коста Андоноски, организирана од Архивот на Охрид.
Ново на Сител
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
