Да не се копаат крипто валути зашто тоа троши многу струја, апелира Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.
-Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.
Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение.
-Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Се додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции, истакна премиерот.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра