Христов: Бугарија води интензивни преговори со „Газпром„ за испорака
Бугарскиот преоден министер за енергетика, Росен Христов, за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат.
– Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ, рече Христов. Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија.
Тој додаде дека Бугарија имала обезбедени слотови за испорака на американски течен гас од октомври до декември, па, за него, е неразбирливо зошто шесте бродови со течен гас од САД биле одбиени од привремената влада на Галаб Донев.
Во Софија имаше протести на граѓаните кои не сакаат Бугарија да склучи нов договор со „Газпром“. Учесници во нив протестираа против бугарскиот претседател Румен Радев и рускиот претседател Владимир Путин и нивната зависност од Русија. Демонстрантите побараа смена на министерот за енергетика Росен Христов.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор