Дојче бан: Популарната шема за месечни билети од девет евра е голем успех

Популарната шема за месечни билети на германскиот железнички оператор Дојче Бан завршува следната недела, а директорката за регионален транспорт на компанијата Евелин Пала го прогласи експериментот за голем успех.
Околу 26 милиони луѓе купија месечни билети за јуни, јули и август само преку продажните места на Дојче Бан, објави Пала. Таа додаде дека „секој петти купувач на месечен билет од 9 евра повторно го открил јавниот превоз“. – Во тримесечниот период повеќе патници патувале со јавен превоз со месечен билет отколку пред пандемијата, рече Пала.
Колку билети се продадени низ целата земја се уште не е познато, а Здружението на германски транспортни компании (ВДВ) има намера да ги објави податоците во понеделник.
Здружението на почетокот на август соопшти дека во првите два месеца преку продажните места на сите германски транспортни компании биле продадени околу 38 милиони билети во вредност од 9 евра, со околу 10 милиони патници кои веќе имале сезонски билети.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
