Екстремно горештини во Кина: Во Сечуан денеска измерени 43,9 Целзиусови степени
Екстремните горештини во Кина продолжија да ја пустошат земјата денеска, и покрај пониските температури во некои региони, додека властите на населените места покрај сливот на реката Јангце (Јангцекјанг) се обидуваат да ја ограничат штетата што климатските промени ја нанесуваат врз енергетскиот сектор, посевите и добитокот.
Топлотниот бран во Кина, кој трае во изминатите 70 дена, е најдолгиот и најраспространет во однос на површината досега, при што 30 отсто од 600 метеоролошки станици покрај реката Јангце, ги забележаа своите највисоки температури некогаш до минатиот петок.
Кинеската национална метеоролошка управа денеска го спушти нивото на предупредување за топлина на „портокалова тревога“ по 12 последователни дена „црвен аларм“, но сепак се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во Чонгкинг, Сечуан и други делови од басенот Јангце.
Метеоролошка станица во Сечуан денеска забележа температура од 43,9 степени Целзиусови, што е највисока досега забележана во покраината, објавија официјалните синоптичари на својот налог на кинеската социјална мрежа Веибо.
Југозападниот регион Чонгкинг е особено погоден, при што еден жител изјави дека и водата и електричната енергија се исклучени по четиридневниот планински пожар во округот Џианџин.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае