Факти за цената на руската инвазија врз Украина
Откако Русија изврши инвазија врз Украина на Украина на 24 февруари загинаа десетици илјади луѓе, милиони се раселени, економски тешкотии се проширија низ целиот свет. Ова се главните последици од војната која влегува во седмиот месец.
Жртви - Од 24 февруари досега се убиени 5.587 цивили, а 7.890 се повредени, но реалниот број на жртви е многу поголем, објави на 22 август Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР). Повеќето од загинатите или повредените биле жртви на артилериски, ракетни или воздушни напади. Началникот на украинскиот Генералштаб, генерал Валериј Залужни, на 22 август изјави дека речиси 9.000 украински војници загинале во војната, што е првпат украинското воено раководство да објави такви податоци по инвазијата. Русија не објави за бројот на жртвите. Американските разузнавачки служби проценуваат дека досега во Украина се убиени 15.000 руски војници, а трипати повеќе се повредени, што одговара на вкупниот број на советски жртви за време на руската окупација на Авганистан од 1979 до 1989 година. Конфликтот во Донбас почна во 2014 година по соборувањето на прорускиот украински претседател и руската анексија на Крим. Околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.106 цивили, загинале во борбите меѓу силите поддржани од Русија и украинските вооружени сили до крајот на 2021 година.
Беда - Од почетокот на инвазијата, една третина од населението на Украина, од вкупно повеќе од 41 милион, мораше да ги напушти своите домови, што е најмногу во светот во моментот, според УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН. Во моментов во Европа има повеќе од 6,6 милиони регистрирани бегалци од Украина, најмногу во Полска, Русија и Германија, покажуваат податоците на агенцијата на ОН.
Украина - Освен човечките жртви, Украина изгубила околу 22 отсто од својата територија од руската анексија на Крим во 2014 година, според проценките на западни медиуми. Изгуби голем дел од својот брег, економијата беше осакатена, а некои градови беа претворени во пустош од руското гранатирање. Украинската економија ќе се намали за 45 отсто во 2022 година, според проценките на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Точната цена на војната во американски долари не е позната. Украинскиот премиер Денис Шмихаљ во јули изјави дека повоената реконструкција ќе чини околу 750 милијарди американски долари. Може да биде многу повеќе. Не е познато колку Украина потрошила за борби.
Ново на Сител
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести
-
Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок
-
Таравари најави и други акции за откривање злоупотреби од здравствени работници, повика да бидат коректни