Градоначалникот Костадинов на увид во изградбата на првиот булеварски мост во Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во изградбата на првиот булеварски мост во Струмица, кој се подига на реката Водочница на трасата на булеварот „Братство и единство“ во урбаниот дел на градот.
Средствата во износ од 30 милиони денари се обезбедени од општинската каса и е една од поголемите капитални инвестиции во Струмица, која треба да биде завршена за една година.
Според градоначалникот Костадин Костадинов, мостот „Обединување“ е најзначајниот проект за отворање ново грло во градот и развој на тој дел.
-Овој мост е основа за реализација на уште поголемиот проект, а тоа е новиот булевар во Општина Струмица, „Братство и единство“ и секако да почнеме со изградба на новиот градски пазар кој е предвиден тука и за него веќе е порачана техничко-проектна документација,која е во финална фаза.
Мостот е со должина од 15 метри на еден распон и ширина од 23 метри, односно булеварско решение со две посебни коловозни сообраќајни ленти од по седум и пол метри, тротоари од двете страни по три метри и среден слободен простор помеѓу двата коловоза од два метри.
Струмичкиот градоначалник најави и други капитални инвестиции, а најголема е изградбата на социјалната населба во Турското маало, за која е распишана јавна набавка за првата фаза.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
