Во Скопје 220 санкционирани возачи, 76 за брзо возење
– На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 220 мерки во акциска контрола во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се 76 санкции, 46 мерки за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција