Македонија
17. August 2022 - 20:37

Кајчев: Ја заштитивме професионалната чест на историчарите од комисијата

Заменикот копретседавач на бугарскиот тим историчари Наум Кајчев по објавата на видеото за одбраната на историската чест, го појасни неговото мислење тврдејки дека не мислел на честа на бугарската историја туку на честа на членовите на комисијата.
 
- Кажав, како што може да се слушне во видеото „добро стојат пред нашата историска чест”.  Ја имав во предвид професионалната чест на историчарите од Бугарија, но и од Северна Македонија ( членовите на комисијата, и сите други колеги кои ни помогнаа и беа консултирани), појаснува Кајчев.