Вучиќ: Влада до крајот на август
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денес дека мандатарот за состав на новата Влада на Србија ќе се знае „ден или два по средбата со премиерот на Косово Албин Курти“ на 18. август во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што рече срспскиот претседател, „мандатарот нема долго да работи“, односно „брзо ќе ја предложи Владата“.
-Мислам дека таа ќе биде во Собраниета пред крајот на август. Инаку рокот за состав на Владата е 2 ноември, а дали ќе биде 28 или 29, важно е да биде добра Влада, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека во текот на денот ќе разговара со претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, кој е „потенцијален коалициски партнер“.
Конститутивната седница на Собранието на Србија се одржа на 4 август и од тој датум почна да тече рокот од 90 дена за формирање на Влада.
Вучиќ кога положи заклетва за вториот претседателски мандат изјави дека владата ќе биде формирана до крајот на јули.
Парламентарните избори се одржаа на 3 април и ова е еден од најдолгите периоди за формирање на Влада во Србија.
Во недостиг на официјални информации медиумите шпекулираат кој ќе биде премиер, а кој министри.
Според информациите на весникот Данас, премиер би можел да биде актуелниот амбасадор на Србија во САД, Марко Ѓуриќ, а актуелната премиерка Ана Брнабиќ би била министер за надворешни работи. Според овој весник, ова се резултати од консултациите во рамките на СНС, кои почнаа неделава. Таа партија ќе предложи и мандатар за владата врз основа на мнозинството што го има во Собранието.
Се уште не е потврдено дали во новата влада ќе биде СПС, актуелниот коалициски партнер на Српската напредна странка. Лидерот на СПС Ивица Дачиќ претходно изјави дека би сакал да ја продолжи соработката, но дека тоа зависи од СНС.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
