Претреси во Скопје
Полицијата во текот на вчерашниот ден извршила претреси на две локации во Скопје кај еден правен субјект и едно физичко лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ по чл. 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
Како што информира МВР, при претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид на обложување и други видови на игри на среќа. Притоа одземени се компјутери и компјутерска опрема, како и документација поврзана со нелегалното работење на правниот субјект.
При претресите исто така се пронајдени и одземени 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Претресите ги извршиле полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје во соработка со Управата за јавни приходи, а по насоки на ОЈО Скопје и добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
