Турција испраќа нов брод за сондажа во Медитеранот

Турција денеска ќе испрати нов брод за сондажа за да бара нафта и гас во Средоземното Море, јави Анадолија. Во јужниот округ Мерсин ќе се одржи церемонија за испраќање на бродот „Абдулхамид Кан“ на неговата прва истражувачка активност во Средоземното Море. На церемонијата ќе присуствува турскиот министер за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.
Поради мисијата на новиот брод „Абдулхамид Кан“, спорот со Грција за правата на гас може повторно да ескалира. Атина ја обвинува Анкара за нелегално истражување на наоѓалишта на гас во близина на грчките острови. Турската влада ги негира наводите и вели дека истражувањето на гас е легално. Сличен конфликт постои и со Кипар.
Во 2020 година, спорот ескалира откако Турција го испрати својот истражувачки брод Орух Реис во Источниот Медитеран. ЕУ постојано ги осудува активностите на Турција и воведува санкции поради сондажите близу Кипар. Засега не е јасно дали „Абдулхамид Кан“ навистина ќе плови во спорните води.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека нема да бидат дозволени акции насочени против земјата на суверените територии на Турција. „Абдулхамид Кан“ е четвртиот турски брод за сондажа. Бродот беше купен минатата година од Република Кореја. Долг е 238 метри и широк 42 метри. Тој е способен за сондажа на длабочина до 12.200 метри и до 3.665 метри под морското дно. Станува збор за брод за сондажа од седмата генерација опремен со најсовремена технологија и еден од само петте пловила од оваа класа во светот.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
