Во вториот квартал осум претставки од корисници на поштенски услуги
– До Агенцијата за пошти во вториот квартал годинава се доставени осум претставки од корисници на поштенски услуги. Седум од претставките се од физички лица, а една од правно лице.
До даваталите на поштенски услуги на слободниот пазар се доставени три претставки, а пет за услугите на давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија“, во кои корисниците пријавувале пречекорување на рокот на достава на препорачани пратки, губење на пратка во меѓународниот поштенски сообраќај, како и проблеми со доставата на одреден реон.
Од Агенцијата за пошти информираат дека одделно по секоја претставка презеле соодветни активности, по што од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ по аргументираните барања на подносителите исплатен е надомест за штета по различен законски основ.
За разлика од претставките кои беа поднесени за услугите на националниот давател на поштенски услуги, претставките кои беа поднесени за останатите даватели се однесувале за доставата на нотарски пратки за кои со друг закон е предвиден посебен начин на постапување при доставата. Во врска со нив, преземени се одредени активности поврзани со начинот на достава и на подносителите навремено во рок им е одговорено.
Агенцијата за пошти во вториот квартал издала две општи овластувања за обебзедување поштенски услуги, а при изврешн вонреден надзор кај поштенски субјект на слободниот пазар се издадени четири прекшочни патни налози.
Ново на Сител
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
