Балкан
4. August 2022 - 10:40

БиХ: Со калашников пукал во кафеана при што убил две лица, а две тешко повредил

Две лица се убиени, а две се повредени во пукотници во Горица (Груде), Босна и Херцеговина, соопштија од полицијата.

На селска прослава, 50-годишен маж земал калашников и почнал да пука кон голем број луѓе кои биле пред кафеаната.

Босанските медиуми објавија дека бил застрелан Велимир Бушиќ, познат претприемач и газда на познат локал.

Причина за инцидентот е караница во локалот, а повеќе детали не се откриваат во моментов.