ВМРО-НП: Од следната година Илинден во Крушево да се прославува без политички говори
ВМРО-Народна партија со загриженост ги следеше последните настани од прославата на Илинден во Крушево, со кои овој голем македонски државен празик наместо да биде предмет на сплотување и заедништво се претвори во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури.
Но очигледно ова не се случува само оваа година туку со децении наназад, ако го анализираме прославувањето на Илинден во Крушево очигледно од година во година се повторува истото непишано сценарио на поделби.
Со цел да се надмине ова сквернавење на овој најголем македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага, а се надеваме ќе добиеме согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја, да од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно – уметничка прослава на која се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија.
Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно прифатена од сите политички субјекти.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација