Во Германија можно задолжително носење заштитни маски
Во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на Ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски. Министерството за правда на Германија се огласи по повод нацрт-законот за заштита од инфекции договорен со Министерството за здравство, а што е на сила до 23 септември.
Со напомена дека во есенските и зимските месеци се очекува пораст на бројот заболени од Ковид-19, во соопштението се наведува дека се неопходни измени на Законот.
Нацрт-законот што вклучува нови правила, а што би требало да важи за периодот од 1 октомври годинава до 7 април 2023, во текот на овој месец ќе биде доставен до Владата. Според измените, обврската за носење маски во воздушниот сообраќај и во јавниот превоз низ Германија ќе продолжи да важи и после 1 октомври. Меѓу другото, на сојузните покраини ќе им биде оставена можноста да воведат мерки за задолжително носење маски на јавни места како би се обезбедило нормално функционирање на здравствениот систем.
Ново на Сител
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални