171 санкциониран возач во Скопје, 70 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 22 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на црвено светло, 24 мерки за непрописно паркирање...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред