ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со бегањето од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо
Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка е заштитен јазикот и идентитетот, а со неа всушност се дава можност на Бугарија доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање да не блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ, додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги воедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање по бугарски услови. За на крај сето тоа да резултира со целосна бугаризација.
Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски.
Во однос на енергетската криза Ковачевски не направи ништо. Земјите од регионот набавија веќе залихи на гас, мазут и јаглен, а дополнително имаат и процентуално поголемо производство на струја, за разлика од другите Македонија со Ковачевски ја чека есента за во паника да набавува енергенси и да се расфрлаат со провизии поради високите цени кои ќе бидат присутни.
Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план е како да се задржи ден повеќе на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Откриен канабис во тетовско, поведена истрага
-
Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клинички
-
Мобилниот телефон во чанта – нови правила и казни за учениците во Грција
-
Стано: По завршувањето на истрагата за Бањска, ЕУ очекува сите страни да соработуваат во судскиот процес
-
Вулин во име на Србија им се обрати на учесниците на состанокот на БРИКС за безбедност во Русија
-
Вучиќ: ЕУ и земјите членки итно да се спротистават на самоволието на Приштина
-
Дурмиши: Се почитува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“
-
Сиљановска Давкова утре на средба со Радев во Софија