Албанија не дозволи влез на двајца Иранци, со германски пасоши, поради закана по безбедноста
Албанија забрани влез на нејзина територија на маж и жена, кои се идентификувани како Батул Солтани и Афшин Калантари, со германско државјанство, но по потекло од Иран.
-Тие пристигнале пред неколку дена на меѓународниот аеродром во Тирана на покана на регистрираната и легална АСИЛА (Здружение за поддршка на Иранците кои живеат во Албанија а кои дезертирале од МАК) за да учествуваат на церемонијата на нивните пријатели од Германија, јави Ора њуз. Според истиот извор албанските власти ги депортирале 72 часа по пристигнувањето со образложение дека претставуваат сериозна закана за безбедноста на земјата а истиот одговор го добиле и германските власти каде се вратени.
Настанот се случил неколку дена по откажувањето на Светскиот самитот што МЕК требаше да го одржи во кампот „Ашраф 3“ во местото Манзе, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, каде се сместени над три илјади муџахедини, а беше одложен поради ризик од терористички акт. Според Топ чанел, ова не е прв случај Иранци со германски пасоши да бидат депортирани од Албанија. -Во 2018 година, државната полиција соопшти дека спречила терористички напад во седиштето на бектешката верска заедница, токму на големиот празник Султан Неврус.
Иранците со иницијали Ф.З. (65) и С.М. (59), кои поседувале германски патни справи, беа приведени од Државната разузнавачка служба и антитерористичката единица на државната полиција, наведува телевизијата. Во моментот на апсењето, двајцата Иранци се фотографирале и им рекле на антитерористичките службеници дека се новинари и дека дошле на покана на поглаварот на бектешката заедница.
Година подоцна, тогашниот директор на државната полиција Арди Велиу изјави дека „Терористичката ќелија припаѓа на единицата за надворешни операции на силите КУДС, оперативна единица која е одговорна за планирање и спроведување на терористичка активност надвор од Иран“.
Сите Иранци кои пристигнуваат на граничните премини на Албанија се подложени на повеќекратни проверки за откривање и спречување на влезот на агенти на тајната оперативна единица КУДС.
Ново на Сител
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница
-
84-годишник тешко повреден откако малолетник со електричен тротинет удрил во него
-
На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети