Мердаре е отворен за сообраќај, косовските цариници издаваат влезно-излезен документ
Српските цариници синоќа останаа на административните пунктови Брњачки мост и Рудница/Јариње и покрај тензиите предизвикани од одлуката на Приштина од полноќ да не ги признава документите од Србија, соопшти денеска Царинската управа, пренесе Бета.
Откако властите во Приштина најавија дека на покана на Амбасадата на САД ќе ја продолжат одлуката за издавање документи за влез-излез на српските државјани за еден месец, доколку се отстранат барикадите, утрово преминот Мердаре е пуштен за сообраќај. , каде што се уште се издаваат такви документи. Како што јави РТС, на Мердаре на граѓаните на Србија им се издаваат влезни и излезни документи од косовска страна, кои важат наместо лични карти.
Според изјавите на лицата кои поминале низ Мердар, влезно-излезниот документ содржи број на лична карта и име и презиме на имателот, кој е должен да го има кај себе додека е на територијата на Косово, а истиот е со важност во следните четири месеци.
Засега нема информации кога ќе бидат отворени премините Јариње и Брњак кои се уште се затворени бидејќи косовските цариници не ги добиле документите за влез-излез, а патиштата се уште се блокирани,јави Бета.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро