Пендаровски: Илинден го славиме исто, како што го славиме децении наназад

На 2 Август во манастирот Прохор Пчински ќе има црковно-државна делегација од македонска и српска страна, вели претседателот Стево Пендаровски.
Зборувајќи во интервју за телевизија Канал 5 што ќе славиме на 2 Август и дали е нешто сменето со потпишувањето на Протоколот, Пендаровски рече дека Илинден го славиме исто, како што го славиме децении наназад.
– Илинден, како секој пат што сме славеле. Тоа во Бугарија што ќе слават е нивно. Не се сменило ништо, бидејќи за тоа прашање во историската Комисија никогаш ниту е разговарано, ниту е дојдено до заеднички заклучок, изјави Пендаровски.
Тој посочи дека славиме два Илиндена и затоа локациите се така одбрани.
– За првиот Илинден во Крушево, за вториот со години и години во Пелинце, бидејќи не можевме да славиме на вистинското место каде што е основана современата македонска држава во Прохор Пчински и тука сега има една убава работа што веќе ја најавивме, рече Пендаровски.
За тоа дали таму ќе биде во посета или тоа ќе биде одбележување, Пендаровски посочи дека таму ќе биде наша црковно-државна делегација.
– Ќе биде посета, меѓутоа на манастирот. Ќе биде црковно-државна делегација од наша страна и иста таква од српска страна. Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, ќе ја предводи српската делегација, а јас во мојата делегација имам и министри и најверојатно двајца или тројца, ќе видиме, владици од Синодот на Македонската православна црква, појасни Пендаровски.
Шефот на државата посочи дека прашањето за честувањето на 2 Август во манастирот Прохор Пчински, го отворил во телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква по повод нормализирањето на односите меѓу двете цркви.
– Тогаш, во тој разговор го замолив и за 2 Август. Рано е уште, меѓутоа сакаме да го посетиме и чествуваме како што доликува местото каде што е формирана современата македонска држава… ми рече го имате мојот збор. Вчера разговарав уште еднаш со Порфириј, уште еднаш му се заблагодарив дека навистина го држи зборот, изјави Пендаровски.
За учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ, Пендаровски рече дека разговарале и вчера, но дека тој нема да биде во Србија на тој ден и затоа го праќа министерот Селаковиќ. Вучиќ, како што рече Пендаровски, му изразил уверување дека тоа ќе биде организирано и по црковна и по државна линија, како што доликува.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
